ПОВЕЌЕ

    Кредитите поевтинија и во мај, депозитните камати со минимални поместувања

    Време зa читање: 3 минути

    Банкарските камати за кредитите не отстапуваат од линијата на пад, а кај штедењето бележат мали поместувања. Народната банка ги објави мајските податоци за позначајните движења кај каматните стапки.

    Просечната каматна стапка на сите кредити во банкарскиот сектор во мај изнесувала 4,69 проценти, што е за 0,37 процентни поени помалку во споредба со истиот месец лани. На месечно ниво намалувањето е симболични 0,01 процентен поен. Просечната стапка на вкупните депозити достигнала 2,17 проценти. За 0,04 процентни поени е пониска на годишно, а на месечно ниво е повисока за 0,01 процентен поен.

    Кај домаќинствата продолжува трендот на постепено намалување на цената на задолжувањето. Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,04 проценти, за 0,41 п.п. пониска отколку пред една година.

    И новите кредити се одобруваат по пониски камати. Во мај просечната стапка изнесувала 4,64 проценти, проследена со месечен пад од 0,01 и годишен од 0,15 процентни поени.

    Кај штедењето, просечната камата на сите депозити доверени од граѓаните благо нараснала (+  0,01 п.п.) на месечно ниво и достигнала 2,09 проценти, но за 0,06 п.п. е пониска од ланската регистрираана во овој период.

    И новите влогови носат повисок принос. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,53 проценти, што е 0,22 п.п. повеќе од април и 0,19 п.п. над нивото од мај минатата година.

    Пониски камати плаќа и корпоративниот сектор. Просечната стапка на вкупните кредити за компаниите во мај е 4,33 проценти. Или, за 0,33 п.п. е пониско на годишно ниво.

    Новоодобрените корпоративни кредити се уште поевтини. Нивната просечна стапка се намалила за 0,28 п.п. во споредба со април и дошла до 4,22 проценти. Во однос на мај 2025 година опаднала за 0,45 процентни поени.

    Од друга страна, кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на компаниите има скромен годишен раст (+ 0,07 п.п), при што достигнала 2,69 проценти.

    Кај новите депозити на корпоративниот сектор месечниот пад е поголем – за 1,03 п.п. и изнесува 1,71 процент. За една година, пак, разликата е негативни 0,59 процентни поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично