Светата Столица го објави формирањето на официјален инвестициски комитет за Ватикан – со цел да се спречи повторување на финансиските скандали што ја потресоа црквата во изминатава деценија Кардиналот Кевин Фарел од Соединетите Американски Држави ја превзеде функцијата претседател на комитетот, на чело на тимот од финансиски професионалци ангажирани од внатре и надвор од Католичката црква.
Комитетот ќе го надгледува и води инвестирањето на средствата од страна на Светата столица. Од телото ќе се очекува да обезбеди дека сите инвестиции и финансиски активности се етички и во согласност со црковниот морал. Инвестицискиот комитет ќе ги вклучи и: извршниот директор на RegHedge, Жан Пјер Кејси, менаџерот за инвестиции на Бостонскиот колеџ, Џон Зона, партнерот на SKAGEN Funds, Дејвид Харис и шефот на Union Investment Group, Џовани Геј.
Папата Франциско ги удвои напорите да ја исчисти Ватиканската Банка по долгогодишен скандал поврзан со несоодветни инвестиции и сомнителни врски со перење пари. Американските кардинали беа меѓу најгласните во барањето на големо реформирање на ватиканската бирократија – и Ватиканската Банка – на состаноците пред мартовската конклава на која беше избран папата Франциско. Барањата беа покренати по откритијата во протечените документи кои зборуваа за дисфункција, ситни војни и наводи за корупција во управувањето на Светата столица.
ИНСТИТУТ ЗА РЕЛИГИОЗНИ ДЕЛА
Институтот за религиозни дела (IOR), попознат како Ватиканската банка е основан во 1942 година од папата Пие XII за да управува со средства наменети за религиозни или добротворни дела. Сместено во кула веднаш внатре во портите на Ватикан, тој управува и со пензискиот систем за илјадниците вработени во Ватикан.
Ватиканската банка објави профит од 19 милиони долари во 2021 година. Банката со седиште во државата Ватикан, има 110 вработени и 14.519 клиенти. Се грижи за 5,2 милијарди имот на клиентите. Нето добивката од 19 милиони долари е намалена од 44 милиони долари во 2020 година и 46 милиони долари во 2019 година. Во својот годишен извештај, објавен на 7 јуни, IOR ја нагласи својата посветеност на управувањето со финансиските средства на клиентите според католичките вредности и принципи.
Кардиналот Сантос Абрил и Кастело, претседател на Надзорната комисија на кардиналите, напиша во извештајот дека добивката од 18,1 милиони евра (19,3 милиони долари) е „важен резултат имајќи ги предвид ниските приноси на финансиските пазари“.
Според извештајот, „ИОР се стреми да и служи на глобалната мисија на Католичката црква преку администрирање на доверените средства и преку обезбедување платежни услуги на Светиот Престол и на државата Ватикан, поврзани субјекти, верски редови, други католички институции, свештенството, вработените во Светата столица и акредитираните дипломатски тела“.
Извештајот, исто така, истакна дека IOR е граѓанска страна во историското судење во Ватикан за кривично гонење на 10 лица за финансиски криминал, од кои некои се поврзани со купувањето на инвестициски имот во Лондон од страна на Државниот секретаријат од 350 милиони евра (околу 375 милиони американски долари).
Во јануари 2021 година, судот во Ватикан пресуди во одвоено судење против поранешниот претседател на IOR и другите директори кои ги искористиле своите позиции за проневера од Ватикан.
Судот ги прогласи Анџело Калоја, неговиот адвокат Габриеле Лиуцо и синот на Лиуцо, Ламберто Лиуцо за виновни за финансиски криминал, за што беа осудени на затворска казна и парична казна од 24,5 милиони евра (околу 26 милиони долари) плус камати и трошоци. На судењето, кое започна во 2018 година, за првпат Ватикан изрече затворска казна за финансиски криминал.