ПОВЕЌЕ

    „ПАРИ“ АНАЛИЗИРА: Која банка загубила најмногу коминтенти поради затворањето на фирмите?

    Време зa читање: 4 минути

    Статистиката на Централниот регистар објави дека минатата година се затворени 6.995 фирми. Толку сметки, всушност згаснале и во банките. Порталот „Пари“ врз основа на податоците од платформата БизнисМрежа.мк ги анализира згаснатите сметки, со цел да покаже колку коминтенти загубиле банките.

    Податоците покажуваат дека фирмите што веќе не постојат најмногу влијаат врз НЛБ банка каде се затвориле 1.361 сметка, потоа е Комерцијална банка каде примарна сметка имале 1.281 фирми кои се веќе згаснати, па на трето место е Стопанска банка која загубила 1.163 коинтенти, на четвротото место по загубени коминтенти поради престанок со работа е Халк банка (759 правни субјекти) и на петтото место е ТТК банка (423 правни субјекти).

    Згаснати сметки поради затворање на фирмите

    Депонент банкаВкупно субјекти
     НЛБ  Банка А. Д. Скопје 1.361
    Комерцијална Банка А. Д. Скопје 1.281
    Стопанска Банка А. Д. Скопје1.163
    Халк Банка А. Д. Скопје759
    ТТК Банка А. Д. Скопје 423
    Охридска Банка А. Д. Скопје380
    Универзална Инвестициона Банка А. Д. Скопје342
    Централна  Кооперативна Банка А. Д. Скопје224
    Шпаркасе Банка Македонија А.Д. Скопје221
    ПроКредит Банка А. Д. Скопје219
    Стопанска Банка А. Д. Битола142
    Алфа Банка А.Д. Скопје119
    Еуростандард Банка А. Д. Скопје  67
    Капитал  Банка А. Д. Скопје 26
    Останати268
    Вкупно6.995

    СЕКОЈА ТРЕТА ЗАТВОРЕНА СМЕТКА Е ОД ФИРМА ОД ТРГОВИЈАТА

    Податоците на платформата БизнисМрежа.мк откриваат и во кои дејности имало најмногу затворање на фирми и каде биле нивните сметки.  Според податоците, секоја трета затворена сметка е од фирма од областа од трговијата.

    Таму се затвориле дури 2.124 комании и со тоа се затвориле и нивните сметки. Трговските фирми кои ја згубиле бизнис-битката во текот на минатата година, најмногу сметки имале во Комерцијална банка – 415, потоа во НЛБ банка со 370 згаснувања и во Стопанска банка – Скопје со 349 згаснати сметки од избришани трговски фирми.

    На второ место се компаниите од преработувачката индустрија. Се затвориле 801 фирма, а најмногу од нив, за примарна банка ја имале Стопанска банка –Скопје (159), потоа била НЛБ каде сметки имале 143 компании кои се веќе затворении, на трето била Комерцијална банка каде се затвориле сметките на 141 производна компанија.

    Со шифра „објекти за сместување“, од Централниот регистар се избртишани 756 фирми, најголем дел од нив сметка имале во НЛБ (175), потоа во Халк банка (114) и од првата тројка на крај е Стопанска банка – Скопје каде се згаснале 110 сметки.

    На четвртото место по згаснати компании во 2021 година се компании со шифра „други услужни дејности“ и ги има 548. Од нив по 121 сметка имале во Комерцијална и во НЛБ банка, а 100 во Стопанска банка – Скопје.

    Во 2021 година згаснале и 518 компании што се занимавале со транспорт и складирање. На најголем дел од нив матична банка им била Стопанска банка – Скопје и таму се затвориле 105 сметки, на второ место е НЛБ со 94 затворени сметки и на трето – Комерцијална банка со 93 затворни сметки.

    5 ТОП ДЕЈНОСТИ ПО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

    ДејностЗатворени фирмиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Трговија2.124Комерцијална (415)НЛБ (370)Стопанска –Скопје (349)
    Преработувачка индустрија801Стопанска – Скопје (159)НЛБ (143)Комерцијална (141)
    Објекти за сместување756НЛБ (175)Халк (114)Стопанска-Скопје (110)
    Преработувачка индустрија801Стопанска – Скопје (159)НЛБ (143)Комерцијална (141)
    Други услужни дејности548НЛБ и Комерцијала (исто – по 121 сметка)Стопанска-Скопје (100)Халк (44)
    Транспорт и складирање518 Стопанска (105)НЛБ (94)Комерцијална (93)

    НАЈМНОГУ ЗАТВОРЕНИ СМЕТКИ НА ФИРМИ ОД СКОПЈЕ, БИТОЛА, ТЕТОВО, КУМАНОВО И ГОСТИВАР

    Од затворените компании 34,7 се наоѓаат во Скопје и тоа, очекувано, е најголемиот удел во вкупниот број на затворени компании. Притоа, најмногу од нив ја избрале за матична банка – Комерцијална и лани скопските фирми таму затвориле 707 сметки, потоа е НЛБ со 599 затворени сметки и Стопанска – Скопје со 314.

    Во Битола, минатата година се затвориле 397 фирми, а за Стопанска банка-Битола тоа значело 83 затворени сметки, за ТТК банка-71 и за НЛБ  – 53 затворени сметки.

    Тетово е трет град во кој има најмногу затворени фирми, во 2021 година клуч на врата ставиле 347 правни субјекти. Најмногу од затворените фирми имале сметка во ТТК банка – 106, па во Стопанска банка-Скопје – 50 и 37 имале во НЛБ.

    Минатата година со клуч на врата ја завршиле и 316 фирми од Куманово, а тоа значи затворени 83 сметки во Централна кооперативна банка, 45 во НЛБ и 29 во ТТК.

    На крајот од првата петорка на градови во кои лани фирмите ја загубиле бизнис-битката е Гостивар со 314 затвирени фирми. Од нив, 68 имале сметка во Стопанска банка- Скопје, 41 во Халк банка и на 40 матична банка им била НЛБ.

    5 ГРАДОВИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА  ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ И 3 НАЈИЗБРАНИ БАНКИ

    Град Затворени фирмиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Скопје2.430Комерцијала (707)НЛБ (599)Стопанска – Скопје (314)
    Битола397Стопанска – Битола (83)ТТК (71)НЛБ (53)
    Тетово347ТТК (106)Стопанска – Скопје (50)НЛБ (37)
    Куманово316Централна кооперативна (83)НЛБ (45)ТТК (29)
    Гостивар314Стопанска – Скопје (68)Халк (41)НЛБ (40)

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично