ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ОТКРИВА: Поразителен раст на бројот на затворени фирми лани-близу 7.000

    Време зa читање: 4 минути

    Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк.

    Од друга страна, самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година е завршена со пад на бруто општествениот производ за 4,5%, додека за 2021 година, Државниот завод за статистика се уште нема објавено податоци, но според ноемвриските проценки на Народната банка, годинава сме ја завршиле со раст на БДП од 3,9%. Инаку, според буџетските проекции на Министерството за финансии за минатата година се очекуваше економски раст од 4,1%. Сепак, и со сегашната динамика, остануваат уверувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека годинава се очекува достигнување на претпандемиското ниво на економијата.

    Но, и покрај ваквата глобална слика, на микро ниво, меѓу компаниите, епилогот е: 782 фирми повеќе од преклани, лани ја изгубиле битката за опстанок.

    Најмногу фирми, згаснале во секторот трговија, а потоа во преработувачката индуструја, објекти за сместување..

    ТОП 5 ДЕЈНОСТИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ

    ДејностЗатворени фирми во 2021 година
    Трговија на големо и на мало 1.836
    Преработувачка дејност732
    Објекти за сместување и сервисни дејности707
    Други услужни дејности503
    Градежништво450

    ФЕВРУАРИ КОБЕН МЕСЕЦ ЗА КОМПАНИИТЕ

    Вообичаено, најмногу фирми, и во 2020-та и во 2021-ва,  се затвориле во февруари, бидејќи тогаш Централниот регистар ги брише компаниите што не се активни, во согласност со членот 552 од Законот за трговски друштва. Станува збор за фирми што не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок. Но, Централниот регистар лани информира дека во првото полугодие од годината, кога се евидентирани затворања на дури 5.022 фирми, покрај вообичаеното годишно бришење на околу 3.000 фирми од нивна страна, зголемена е динамиката на фирми што отишле во стечај или ликвидација.

    За жал, податоците и за второто полугодие покажуваат продолжување на трендот на зголемено затворање на фирмите. Така во периодот јули-декември 2020 година згаснале 1.504 форми, а во истиот период од 2021 година -1.971 фирма.

    Месец20202021
    Јануари 361 216
    Февруари 29663403
    Март 854378
    Април162493
    Мај156271
    Јуни208261
    Јули208295
    Август157243
    Септември248281
    Октомври260264
    Ноември267 370
    Декември364518

    ВО КОИ ГРАДОВИ НАЈМНОГУ ФИРМИ СЕ ЗАТВОРИЛЕ?

    Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гостивар се градовите во кои имало најмногу затворања на фирми, но во исто време – таму имало и добра динамика на отворање на фирми.

    Очекувано, најголем дел од затворените фирми се во Скопје, повеќе од една третина. Прилеп пак, иако е четврти град по големина во државава, не е во правата петорка во која има затворање на фирми. Во Прилеп лани згаснале 254 компнаии.

    ТОП 5 ГРАДОВИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ

    ГрадЗатворени фирми во 2021
    Скопје2.430
    Битола397
    Тетово347
    Куманово316
    Гостивар314

    Доколку друштвото има еден содружник, фирмата ги содржи зборовите: друштво со ограничена одговорност од едно лице или ознаката ДООЕЛ. Тоа е наједноставната форма на организирање. Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.

    ДООЕЛ НАЈПРИВЛЕЧНА ФОРМА ЗА ФОРМИРАЊЕ И НАЈЧЕСТА ВО ГАСНЕЊЕ

    Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.

    Вид субјект20202021
    Непознато46 31
    АД2421
    ДОО608708
    ДООЕЛ39494385
    ДРУГО8241083
    ЈТД2626
    ПОДРУЖНИЦА56
    ТП729733

    Инаку, според податоците од Државниот завод за статистика, со состојба на 31.12.2021 година евидентирани се 16073 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично