Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД Скопје ве известува дека пензиите за месец февруари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец февруари, клиентите ќе можат да располагаат од 24.02.2022 (четврток), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 24.02.2022 (четврток)
- 001-14.000 денари на 25.02.2022 (петок)
- 001-18.000 денари на 28.02.2022 (понеделник)
- Над 18.001 денари на 01.03.2022 (вторник)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м, посочуваат од банката.