ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита

      Време зa читање: 2 минути

      ТТК Банка АД Скопје известува дека од 1.11.2021 година (понеделник) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични права) за месец октомври 2021 година за корисниците кои ја примаат паричната помош на нивната денарска сметка во Банката.

      Корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со средствата од 1.11.2021 г. (понеделник), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

      За корисниците кои немаат дебитни картички, исплатата во експозитурите и филијалите ќе се врши во согласност со утврдениот распоред, по азбучен редослед според првата буква од презимето и тоа:

      • 1-ви ноември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
      • 2-ри ноември (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

      Ви препорачуваме средствата да ги користите првенствено со безготовински плаќањa  во трговската мрежа, со плаќања преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, или да ги подигнувате без провизија со дебитните картички преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје.

      Корисниците кои имаат бесконтактни Visa и Mastercard® дебитни картички на ТТК Банка АД Скопје можат да ги користат средствата со безготовинско плаќање без внесување ПИН за износи до 4.500 денари.

      Во случај на неопходна посета на  филијалите и експозитурите на Банката  апелираме да се почитува редоследот на исплата по датум и азбучен ред како и превентивните мерки за заштита на јавното здравје (носење на заштитна маска, одржување на пропишаното минимално растојание и дезинфицирање на рацете).

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично