ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка започна со исплата на пензии по распоред составен според висината на нивната пензија

    Време зa читање: 2 минути

    Имајќи ги во превид препораките и мерките за заштита од ширење на COVID – 19, Ве известуваме дека пензиите за месец октомври од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти, информираат од банката.

    Со пензиите за месец октомври, клиентите ќе можат да располагаат од 26. 10. 2021 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    1. До 11.000 денари на 26. 10. 2021 (вторник)
    2. 11.001-14.000 денари на 27. 10. 2021 (среда)
    3. 14.001-18.000 денари на 28. 10. 2021 (четврток)
    4. Над 18.001 денари на 29. 10. 2021 (петок)

    Од банката посочуваат, дека е потребно клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Апелираат, овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

    Сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита, повторно апелираат од банката.

    Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита, посочуваат од банката.

    Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично