ПОВЕЌЕ

    3D SECURE Mastercard платежни картички на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

    Време зa читање: 6 минути
    VCAS ”3D Secure” технологијата е достапна за Mastercard дебитните и кредитните картички на Шпаркасе Банка, кои се обезбедени со престижниот меѓународен сертификат на “Mastercard SecureCode“.

    Шпаркасе Банка ја комплетираше сертификацијата на сите Mastercard картички издадени од Банката со највисоко ниво на сигурност, обезбедувајќи динамичка заштита во реално време на секоја интернет трансакција направена со картичките. Оваа услуга претставува дополнителна сигурност во процесот на Интернет купување (електронска/интернет трговија), правејќи го Интернет купувањето посигурно, а плаќањето со картичка – заштитено.

    Што претставува ”3D Secure” технологијата?

    ”3D Secure” технологијата е највисок меѓународен стандард за интернет заштита на Visa & Mastercard картичките на една банка. Стандардот може да се имплементира со статичка или динамичка сигурност за клиентите, при што динамичката сигурност обезбедува значајно повисоко ниво на заштита во однос на можноста за дефинирање на статичка интернет лозинка. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје инвестираше во воведување на динамичка “3D Secure” технологија и на своите клиенти им обезбеди ниво на Интернет заштита кое го нудат светски најреномираните банкарски брендови.

    Како функционира ”3D Secure” технологијата?

    ”3D Secure” овозможува проверка на автентичноста и идентитетот на корисникот на картичката при извршувањето на Интернет плаќања со дебитни и кредитни картички. Шпаркасе Банка, користејќи ја најсовремената технологија на Mastercard врши системски мониторинг и повремено бара верификување на дел од Интернет трансакциите со испраќање на СМС со еднократна ОТП лозинка на вашиот мобилен телефон за време на извршувањето на трансакцијата. Притоа за да може да ја комплетирате трансакцијата, потребно ќе биде да се внесе добиената ОТП лозинка (пратена на мобилен телефон) со што ќе се верификува автентичноста на трансакцијата.

    НАПОМЕНА: Со цел да се реализираат трансакциите без проблем, потребно е клиентите да ги имаат ажурирано контакт информациите, поточно мобилен телефон на кој ќе се испраќа СМС со еднократна ОТП лозинка. Ова ажурирање клиентите може да го направат во експозитурите на Банката.

    Не сите e-commerce трансакции ќе бидат подложни на верификација со ОТП. Само трансакциите за кои системот ќе процени дека се поризични или нестандардни за корисникот.

    Пример за e-commerce трансакција верифицирана со ОТП лозинка:

    Чекор 1: Добивате СМС со содржината на нумеричката ОТП Лозинка (пр. 253748)

    Чекор 2: Ја внесувате нумеричката ОТП Лозинка добиена како СМС порака на Вашиот мобилен телефон во полето “Внесете го кодот:” (во делот обележан со црвено подолу на сликата).

    Која е предноста од “3D Secure” технологијата за корисниците на платежни картички?

    Механизмот на заштита на ”3D Secure” технологијата е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичка, датумот на истекување и CVC/CVV2 кодот). Се работи за напредна технологија која преставува највисок стандард во областа на заштитата на корисниците на картички при плаќањата на интернет.

    Услови за користење на “3D Secure” технологијата овозможена од Шпаркасе Банка

    Сите корисници на MasterCard дебитна или кредитна картичка издадена од Шпаркасе Банка, се регистрирани, и нивните картички го имаат ”3D Secure” стандардот за заштита при Интернет плаќања односно не е потребно регистрирање или поднесување на барање до Банката. Единствено што е потребно е корисникот на картичка секогаш да има пријавено во Банката ажурен број на својот мобилен телефон. Личните контакт податоци секој клиент може да ги провери или ажурира во експозитурите на Банката.

    “3D Secure” технологијата не се наплаќа (бесплатна за сите корисници на Mastercard картички од Шпаркасе Банка

    Користењето ”3D Secure”технологијата е целосно бесплатнa за сите корисници на Мastercard картички издадени од Шпаркасе Банка. Со имплементацијата на ”3D Secure”технологијата, картичките на Шпаркасе Банка се сигурни за извршување на Интернет плаќања на безбеден начин, како во земјата така и во странство.

    Дали за секоја трансакција со картичката на Интернет ќе ми се појавува екранот за внес на ОТП лозинка (која ќе ја добијам на СМС)?

    Не, Шпаркасе Банка користејќи ја во моментов најсовремената технологија врши системски мониторинг на трансакциите, локациите и продажните места каде истите се извршуваат, при што повремено ќе бара верификување на Интернет трансакциите со испраќање еднократна ОТП лозика како СМС порака на Вашиот мобилен телефон за време на реализацијата на плаќањето.

    3D Secure технологијата Ве заштитува при купување

    ”3D Secure”технологијата ја подржуваат сите домашни и светски познати интернет страници кои можат да се препознаат по тоа што на својата веб страна ги имаат објавено ”3D Secure” ознаките од Mastercard. Оваа (подолу прикажана) ознака, укажува на тоа дека веб страната е легална и безбедна за интернет купување. Затоа, при купувањето на интернет, препорачуваме секогаш да проверувате дали веб страницата ја поседува оваа ознака:

    Дали интернет продавниците кои ги немаат погоре посочените ознаки треба да се избегнуваат?

    ”3D Secure” технологијата при интернет купувањата овозможува највисоко ниво на заштита кај интернет плаќањата со картичките. Интернет продавниците кои го немаат 3D Secure стандардот не овозможуваат автентикација на трансакцијата со корисничка лозинка и како такви носат зголемени ризици од можна злоупотреба.

    Покрај ова, препорачуваме и следење на следните корисни совети при купувањето на интернет:

    – Купувајте кај web трговци на коишто им верувате. Ако не сте чуле за нив, проверете ги. Бидете внимателни, како кога правите нарачки преку пошта или телефон;

    – Бидете сигурни дека web страницата од каде што купувате Ви дозволува да користите безбеден web browser. Ќе знаете дека страницата каде што вршите нарачка е кодирана и безбедна ако на долниот лев агол на прозорецот на browser – от се појави заклучена брава или непрекинат синџир. Во повеќето случаи, адресата на трговецот исто така ќе се промени од http:// во https://. Ако бравата е отворена или пак синџирот прекинат, не е безбедно, па препорачуваме да купувате на други web страници;

    – Ако користите web страница што бара Ваша регистрација, чувајте ја вашата лозинка во тајност;

    – Водете евиденција за направените трансакции при што ќе ја отпечатите страницата со нарачката како и условите на купувањето или пак запишете го телефонскиот број на трговецот, неговата e – mail адреса и Интернет адреса која почнува со http:// – заедно – со она што сте го купиле, цената и датумот. Повеќето on line трговци им праќаат на потрошувачите e – mail со комплетна информација и податоци за купувањето. Чувајте ги овие информации;

    – Проверете ги политиките за достава и враќање на производот. Web страницата исто така треба да ве извести за начинот на испорака и трошоците, валутата што се користи како и даноците што се плаќаат. Имајте во предвид дека увозните царини можат да бидат скапи;

    – Ако се претплатувате, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на оној период за којшто сте заинтересирани. Не согласувајте се на нешто коешто не го разбирате во целост – договор склучен на web страница е законски обврзувачки.

    Извор: Sparkasse.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично