Кој е човекот којшто цели 25 години работи на истата позиција, оставил неизбришлива трага во заедницата и секогаш наоѓа време за своите семејство и хоби? Тоа е Атанас Манушев, човекот којшто го поставил темелот на успехот и го водел својот тим цели 25 години, во првата филијала на Штедилница ФУЛМ во селото Муртино, Струмица.
Но, Атанас не е само менаџер туку тој е и земјоделец, кој во своето слободно време го поминува на нива, а одгледува и раноградинарски култури. Тој е човек којшто ги знае вистинските вредности на трудот и упорноста, но и важноста на семејството. Тој е исто така и горд дедо.
Со 25-годишна посветеност и искуство Атанас оваа година оди во пензија, па реши да го раскаже својот работен пат, на уникатен начин – преку првиот подкаст на Штедилница ФУЛМ „Луѓе помагаат на луѓе“, кој е посветен на младите. Во оваа серија, Атанас и неговата колешка Јуле, која за првпат го снима својот подкаст, ќе споделат инспиративни и реални приказни за тоа како да направиш вистински избор во животот.
Проследете го подкастот, бидејќи овој уникатен разговор ќе Ве поттикне да размислувате за своите избори и да се инспирирате од личните искуства кои може да ја променат вашата перспектива!
Комерцијален текст