ПОВЕЌЕ

    100 НАЈГОЛЕМИ| Компанија остварила најголем раст на профитот од 358 960%, кои се останатите четири чии профити пробиле плафон!?

    Време зa читање: 2 минути

    Порталот ,,Пари” ја објави листата на 100 најголеми компании во земјава по добивка. Податоците покажуваат дека корона кризата им ја намалила добивката на 100-те најголеми лани во однос на 2019 година за 600 милиони евра.

    Но се компаниите што оствариле најголем раст ма добивката минатата година. Во продолжение топ 5 најголеми компании по остварен раст лани:

    • Сити Плаза ДОО Скопје со добивка од 446,365,224 денари, скок од 335 позиција во 2019-та на 21 место во 2020 е прва на листата. Остварила раст на добивка од 358 960%.
    • Втора компанија која што лани остварила најголем раст на добивката е Биотек лабораторија. Имала добивка од 97,165,494 денари со што ја подобрила позицијата од 327 место во 2019-та на 99-то во 2020 година. Растот на оваа компанија лани бил 7623%.
    • АИМ Проперти е третата компанија во листата на компании со најголем раст лани. Бележи добивка 100,949,745 денари, скок од 320 на 91 место и раст од 5,282 проценти.
    • Четвтата позиција и припаѓа на компанијата АКО Градба ДООЕЛ Гостивар со добивка од 173,450, 693 денари, скок од 298 место на 49-то. Бележи раст од 3607 проценти.
    • Петтото место повторно му припаѓа на уште една лабораторија. Авицена заработила  97,503,813 денари, скокнала од 273 на 96-то место. Компанијата лани забележала раст од 803 проценти.

    Целата листа на 100 најголеми компании по добивка може да ја погледнете:

    [ ЕКСКЛУЗИВНО: 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично