ПОВЕЌЕ

    10-та по ред ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА НА СИТЕ БАНКИ И ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

    Време зa читање: 3 минути
    На 24-ти декември 2019 година со почеток во 22:00 ласот, ќе се одржи 10-та по ред, ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА НА СИТЕ БАНКИ И ФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА!

    10 годишниот јубилеј ќе се одбележи со мал фестивал. На сцената ќе настапат 9 артисти од два добро познати бенда и вам веќе познатиот Ди Џеј Васо.

    Забавата ќе започне со најпознатите rock’n roll & pop-rock нумери во изведба на скопскиот кавер бенд Контраплан. Бендот е составен од 5 члена екипа која веќе 10 години успешно настапува на македонската сцена. Тие за оваа прослава им порачуваат на гостите добро да се подготват за одлично расположение – Get ready for us to rock your world!

    По нив ќе настапат уникатните латино/хаус звуци на ConTruDJ – бендот кој важи за откритие на македонската музичка сцена. Познатото Битолско трио – Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar, омилените латино и хаус композиции фантастично ќе ги надополнуваат со звуци на труба и конги.

    И за крај, во раните утрински часови, забавата ќе заврши со настапот на Ди Џеј Васо (Васко Нетковски), урбан лик со извонреден сенс за музика кој долги години e дел од македонскиот ноќен и социјален друштвен живот.

    Во текот на прославатаа, ќе има уште неколку изненадувања и наградувања.

    Организаторите приредија лотарија, со награди од повеќе спонзори: викенди за двајца, неколку ќе добијат ваучери од Park Hotel & SPA за едномесечно користење на фитнес услугите во ексклузивниот хотел. На лице место ќе се доделат и три вредни пакет-производи на лидерот во светот на производи за убавина AVON. Ќе следуваат и награди – релакс масажи од Prive – Beauty Lounge, како и ваучери од Hair studio UNIQUE by Igor Govorko.

    Нашите пријатели и спонзори, БизнисМрежа.mк, ќе не “вмрежат” со 250 (shots) мали коктели.

    Забавата по повод Новата 2020 година што ќе се одржи на 24.12.2019 – Вторник, во клубот СТАНИЦА 26, кој е лоциран на ул. Јордан Мијалков бр. 26 со почеток од 22:00 часот и ќе трае до 03:30 часот.

    Цената на влезницата е 200 денари, како и минатата година (затоа на време набавете карта бидејќи забавата е од затворен тип).

    Да ја испратиме 2019 со добра музика и забава во добро друштво! Дојдете да наздравиме и да си посакаме уште многу години љубов!

    Организатор и медиумски покровител е нашиот финансиски сајт Pari.com.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично