ПОВЕЌЕ

    Јапонците одлучија – спиење на работа, задолжително!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Јапонските работодавци одлучија дека спиењето на работното место станува дел од работните одговорности на секој вработен. Оваа одлука не значи дека на вработените ќе им се дадат само неколку минути да ги затворат очите пред нивниот компјутер, туку ќе им биде обезбедена просторија за спиење.

    Јапонците ја донесоа оваа одлука откако една нова студија откри дека поспаноста на вработените влијае на ефикасноста во работењето и ги чини јапонските компании дури 138 милијарди долари годишно.

    Затоа предлогот на работодавците и Министерството за здравство на Јапонија е да им дадат на вработените најмалку половина час да спијат во раните попладневни часови.

    „Некстбит“, јапонска ИТ компанија, веднаш го прифати овој тренд и веќе воспостави две, т.н. „стратешки спални соби“ за своите вработени. Собите се со звучна изолација и се опремени со кревети и софи, а строго се забранети мобилни телефони, таблети и лаптопи.

    Извор: Bankar.rs

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично