ПОВЕЌЕ

    Централна кооперативна банка АД Скопје ја заврши 2019 година со нето-добивка од 9,8 милиони денари

    Време зa читање: 4 минути

    Централна кооперативна банка АД Скопје ја заврши 2019 година со нето-добивка од 9,8 милиони денари и успеа да оствари позитивен финансиски резултат за 6,9% повисок од планираниот за годината.

    На 31 декември 2019 година, Банката забележа раст на вкупната актива/пасива за 14,7% во однос на крајот од минатата година, при што поставениот план за 2019 година е надминат за 3,1%. Порастот се должи на реализацијата на зацртаниот деловен план, во рамки на којшто беше предвидена и спроведена целосната реализација на првата емисија на конвертибилни обврзници на Централна кооперативна банка АД Скопје (март 2019 година), во вкупен износ од 5 милиони евра.

    На страната на активата, оваа емисија, заедно со растот на депозитната база, доведоа до пораст на позицијата парични средства и парични еквиваленти за 34,9% во однос на претходната година. Поставениот план за оваа позиција е надминат за 28%. Вишокот на ликвидна актива Банката го насочи кон вложувањата во хартии од вредност, при што е забележан пораст од 60,6% во однос на крајот од годината и истите се за 2,8% повисоки од поставениот план за 2019 година.

    На страната на пасивата, емисијата на конвертибилни обврзници е прикажана во позицијата субординирани обврски.

    До крајот на 2019 година, Банката забележа раст на кредитната активност за 7,2% во однос на крајот на годината. Растот на кредитирањето во основа се должи на растот во сегментот домаќинства. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 97.5%.

    Позицијата останати побарувања бележи пораст од 15,4% во однос на претходната година и истата е за 14,2% повисока од поставениот план за годината.

    Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што во основа се должи на континуираната амортизација на овие средства.

    Банката, забележа пораст на орочените депозити на физичките лица, што резултираше со раст од 14,7% на позицијата депозити на други комитенти. Планот за оваа позиција е надминат  за 5%.

    Претходно споменатите активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до зголемување на расходите за камати за 5,9% во известувачката година во однос на минатата година. Остварените расходи за камати во 2019 година,  во однос на планираните, се повисоки за 1,3%.

    Континуираниот раст на кредитна активност, особено во сегментот домаќинства, предизвика раст на позицијата приходи од камати од 3,3% во споредба со истиот период минатата година. Вкупниот план за оваа позиција бележи реализација од 97,7%.

    Банката успеа да оствари пораст на нето-каматниот приход за 2,1% и реализација на планираниот од  96,1%.

    Во однос на позицијата трошоци за вработените, забележан е пораст од 2,3%. Планот е реализиран со 98,8%.

    Позицијата останати расходи од дејноста бележи зголемување во однос на истиот период минатата година, односно евидентиран е пораст од 1,6%. Планот е реализиран со 99,5%.

    Останатите приходи од дејноста бележат пад од 29,6% во однос на претходната 2018 година бидејќи во текот на 2019  година Банката оствари пониски капитални добивки од продажба на преземени средства. Планот е надминат за 3,4%.

    Заклучно со крајот на 2019 година, реализирани се повисоки нето–приходи од курсни разлики за 4,1% во однос на планираните.

    Расходите за амортизација бележат пад од 5,5% во однос на истиот период минатата година, како и пад од 8,4% во однос на планот, што се должи на временското поместување на планираните вложувања во опрема.

    Во текот на 2019 година, издвоена е дополнителна Исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа за 9,8% повисока од претходната година и 12,8% пониска од планираната.

    Објавено на Македонска Берза

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично