ПОВЕЌЕ

    ХАЛКБАНК НАЈАВИ ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ: Таа ќе биде етапна и во групи за оние кои не користат платежна картичка

    Време зa читање: 1 минутa

    Халкбанк ги известува своите ценети клиенти пензионери дека на сите Вас кои користите картичка, парите ќе Ви бидат на сметка на 29.11.2022 и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    • До 11.000 денари 29.11.2022 г.
    • 11.001-14.000 денари 30.11.2022 г.
    • 14.001-18.000 денари 01.12.2022 г.
    • Над 18.001 денари 02.12.2022 г.

    На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот, посочуваат од банката.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично