ПОВЕЌЕ

    Трите фирми што останаа без лиценца од РКЕ со фантастичен приход од 19 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) им ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, поради немање складишни капацитети за чување на резерви.

    Според порталот Пари и податоците од БизнисМрежа.мк овие три компании: Друштвото за градежништво, трговија и услуги ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ, Друштвото за трговија, градежништво и услуги ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со технички гас и опрема БАШИНО ГАС извоз-увоз ДООЕЛ Велес во 2020 година оствариле вкупен приход од 1.150.643.135 денари или приближно 19 милиони евра.

    Компанијата ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ и ПЕРТИНАКС ДООЕЛ се во директна поврзаност, и соптсвеник е исто лице. Лидер по остварени приход и добивка е фирмата Пертинакс, но она што е интресно е тоа дека приходот од 2019 споредбено со 2020 е скоро преполовен, но сепак компанијата успеала во тие две години да направи иста добивка од фантастични 50 милиони денари или над 826 000 илјади евра, со три вработени лица, каде добивка по вработен изнесувала 16.725.070 денари.

    Башино гас, во 2020 свртел 6.6 милиони евра или остварил приход од 410.383.573 милиони денари со 5 вработени, а заработил чисти 3 милиони денари или 48 илјади евра.

    НазивПриходи 2020Приходи 2019
    ПЕРТИНАКС553.517.206 971.486.020
    БАШИНО ГАС410.383.573374.934.846
    ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ168.742.356349.656.924

    Извор: БизнисМрежа.мк – (денари)

    Од РКЕ посочуваат дека одлуките за одземање на лиценци се донесени затоа што посочените трговци на големо немаат складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.

    НазивДобивка 2020Добивка 2019
    ПЕРТИНАКС50.175.21150.841.374
    БАШИНО ГАС2.958.1441.718.211
    ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ319.992 2.750.140

    Извор: БизнисМрежа.мк – (денари)
    – Донесовме одлуки со кои ги одзедовме лиценците на тројца трговци за поединечни нафтени деривати за кои утврдивме дека не ги исполнуваат условите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци. „Гуливер“ нема да смее да увезува и тргува со Еуродизел БС, додека „Пертинакс“ нема повеќе лиценца за тргување и увоз со мазут – М1 (НС), а „Башиногас“ нема да смее повеќе да увезува и тргува со течен нафтен гас (ТНГ). Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

    НазивПросечен број на вработени 2020Добивка по број на вработен 2020
    ПЕРТИНАКС 316.725.070
    БАШИНО ГАС 5 591.628
    ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ 479.998

    *добивката е изразена во денари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично