ПОВЕЌЕ

    Топ листа на телекомите во регионот: Телеком Србија го престигна Хрватски телеком

    Време зa читање: 2 минути

    Со приходи од 820 милиони евра во 2020 година, Телеком Србија е на врвот на листата на 20 најголеми телекоми на Балканот, објави хрватскиот портал Медиа дејли, специјализиран за медиумска и телекомуникациска индустрија.

    Во традиционалната Топ листа на 20 телекоми за 2020 година во однос на приходите, профитот и бројот на вработени, што годишно ја прави овој портал, дојде до промена на самиот врв, пренесува Банкар.ме.

    „Хрватски телеком повеќе не е број еден како во 2019 година“, наведува Медиа дејли во својата анализа и прецизира:

    „Со приход од 820 милиони евра во 2020 година, Телеком Србија за првпат е на врвот на листата на 20 најголеми телекоми на Балканот. Хрватски Телеком забележа значителен пад на приходите, што го доведе до втората позиција, но сепак тоа се респектабилни 780 милиони евра (38 милиони евра помалку отколку во 2019 година). Позициите од третото до шестото место по приходи се уште го држат Телеком Словенија (трето место) А1 Хрватска (четврто) Теленор (петто) и А1 Србија (шесто) Меѓу нив, само Теленор (за два милиони евра) симболично ги зголеми своите приходи, додека другите забележаа пад“.

    Како што покажа анализата на овој портал, вкупните приходи на 20 -те најголеми телекомуникациски компании во регионот беа 5.448.525.346 евра и се пониски во споредба со 2019 година за приближно 105 милиони евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично