ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД Скопје засади 36 високи садници во Градскиот парк

    Време зa читање: 2 минути

    Како дел од активностите поврзани со кампањата за поголема велосипедска култура #ВозиПравоВозиЗдраво, Стопанска банка АД – Скопје донира изградба на нов pumptrack велосипедски полигон во Градскиот парк во Скопје на површина од 2.850м2.

    Додека патеката е во изработка, а поради временските услови градежните работи привремено мируваат, Банката во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило засади 36 високи саднициелки кои претходно украсуваа дел од нашите скопски филијали за Новогодишните празници. Со тоа, покрај грижата за добар изглед на новиот pumptrack полигон, Банката придонесува кон трајно зазеленување на површини во Скопје. Овој симпатичен проект ќе се повтори и следните години во Скопје, но и во градовите низ Републиката каде што Банката е присутна.

    #ТОПСИ Полигонот и просторот околу ќе бидат хортикултурно уредени со што Градот ќе добие ново катче погодно и за рекреација и за семејна забава на отворено. Ваквите содржини ги збогатуваат опциите на жителите да поминуваат повеќе време на отворено, настрана од булеварите и градскиот метеж. Секако, полигонот е можност помладите велосипедисти да научат подобро и повешто да го користат велосипедот на безбедна, заградена површина а притоа помагаме да се подигнува свеста дека велосипедот покрај за рекреација може и треба се повеќе да се користи како превозно средство.

    Комплетирањето на проектот и негова промоција се планирани за првите потопли недели во годината.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично