ПОВЕЌЕ

    Свечен настан на АБИТ: Важноста на двојното образование во банкарскиот и финансискиот сектор

    Време зa читање: 2 минути

    Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Институтот за бизнис и менаџмент, Heidelberg-Skopje, денеска се одржа свечен настан во просториите на Македонска Берза АД Скопје.

    Целта на настанот беше да се истакне важноста од двојното образование кое што го нуди академијата и институтот, а придонесува за поголем развој на банкарскиот и финансискиот сектор.

    На настанот со поздравен говор се обрати Извршниот директор на АБИТ, а потоа на присутните се обратија и Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Германија, Елизабета Наумовска – Заменик министер за образование и наука и г-ѓа Лујза Томовска- самостоен советник во Комисија за хартии од вредност.

    Гости на настанот беа и г-дин Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на ХАЛК Банка АД Скопје, проф. д-р Љубе Трпевски, г-дин Беркан Имери финанов директор на ХАЛК Банка АД Скопје, г-дин Бесим Билали од Развојната банка, Весна Срцева и Мухедин Авдиќ од Управата за јавни приходи, Марина Наумовска од Германска Амбасада во Македонија и други.

    Говорниците ја истакнаа важноста на едукацијата и дообразованието во банкарскиот и финансискиот сектор. Тие сметаат дека двојното образование кое што се нуди во АБИТ е одлична шанса во нашта земја да се внесе германската едукација и да се примени во македонска пракса од професионалци кои ќе ги завршат курсевите и семинарите во АБИТ. Говорниците истакнаа дека се потребни помлади и похрабри кадри во бакарскиот сектор во земјата.

    АБИТ е единствената образовна организација во земјата која што е придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ, Европската тренинг асоцијација EBTN, која што е во состав на Европската банкарска федерација.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично