
Објавата на кинеската влада за локдаун мерки во обид да го спречи избувнувањето на Ковид-19 во Шенжен, град со 17,5 милиони жители што граничи со Хонг Конг, ги зголеми стравувањата од нов удар на глобалниот синџир на снабдување со компоненти за ИТ технологијата. Градот Шенжен, кого, инаку, го нарекуваат „кинеска Силиконска Долина“ поради тоа што во него е сконцентриран голем дел од ИТ индустријата во Кина, сега влезе во целосно заклучување, што значи дека луѓето мора да работат дома,а сите бизниси мора да „го суспендираат производството“.
Енормниот скок на нови случаи на Ковид-19 во Хонг Конг изминатава недела беше причината кинеските власти да прогласат локдаун за соседниот град Шенжен, технолошки и финансиски центар, а влијанијата врз првиот може да испратат шок преку синџирот на снабдување на ИТ индустријата. Инаку, во Хонг Конг, здравствените власти ја предупредија јавноста да не претпоставува дека порастот на смртоносниот коронавирус на територијата е под контрола бидејќи има пријави 190 нови смртни случаи, повеќето од нив постари лица и 32.430 нови случаи. На почетокот на новиот бран на Ковид-19 во Хонг Конг имаше 50.000 нови случаи и 3.993 смртни случаи, но бројката почна да се намалува откако беа воведени строги ограничувања за патување и деловни активности.
Аналитичарот за стоки Ерик Јеунг од Одделот за превенција и контрола на епидемијата во Шенжен вака прокоментира: “RIP на синџирот на снабдување на САД“. Кинеските епидемиолошки власти објавија дека суштинските организации кои доставуваат медицински, храна и резерви на гориво може да продолжат, но сите несуштински бизниси и услуги мора да се затворат. Заклучувањето, започнато денес, има прелиминарен датум на завршување на 20 март. Сепак, искуството за заклучување сугерира дека владата може да го пролонгира враќањето во нормала.
Изминатиот викенд, според Асошиејтид Прес, во Шенжен се регистрирани 60 нови случаи на Ковид и овој број беше доволен за да ја поттикне владата да спроведе целосно заклучување. Кина веднаш ќе започне програма за тестирање, а АП известува дека тоа значи дека сите 17,5 милиони кои живеат во метрополата ќе бидат подложени на три рунди на тестирање. Се разбира, покрај престанокот на деловните активности, луѓето мора да останат на место за да се избегне ширење на вирусот, па автобуските услуги и слично се суспендирани во регионот.
Само 60 случаи може да звучат прилично мала бројка, но владата мора да се справи со вирусот со потенцијал за експоненцијално ширење со најголема брзање и грижа. Ова не е прв локдаун за регионот и не изгледа дека ќе биде последното заклучување предизвикано од пандемија на витален технолошки центар во Кина, особено затоа што бројот на предизвикувачи на инфекции се чини дека е релативно низок.
Претходно, во декември беше прогласен „режим за итни случаи“ што го покрива Ксиан, Кина. Оваа област има две Samsung NAND фабрики и основни полупроводнички фирми како Powertech Technology (PTI) и Micron Technology. За среќа, се чини дека немаше многу последици од тоа заклучување. Сепак, зборувајќи за NAND, несреќата со загадување на производствениот процес WD/Kioxia Јапонија се чини дека има многу поголемо влијание врз набавките и, потенцијално, на цените.
На почетокот на годинава, ИТ компаниите Western Digital и Kioxia ја известија јавноста за проблемите со контаминација што ги погодија нивните јапонски фабрики за производство NAND. Настанот резултираше со контаминирање на околу 7 егзабајти 3D NAND меморија, а со тоа и ги направи нивните прозиводи наменети за извоз непогодни за испорака и интеграција во производи. Компаниите сега објавија дека погодените објекти – имено Фабриката Јокаичи (Префектура Мие) и Фабриката Китаками (Префектурата Ивате) сега продолжија со нивната нормална работа – речиси еден месец откако беа ставени офлајн.
Аналитика








