ПОВЕЌЕ

    Пекинг го надмина „Големото јаболко“ со најмногу милијардери!

    Време зa читање: 2 минути

    За прв пат по седум години, Њујорк ја загуби титулата на град со најмногу милијардери во светот. Кинеските метрополи се оние што сега бројат најмногу милијардери.Податоците доаѓаат од листата на „Форбс“, која покажува дека една четвртина од 2.755 исклучително богати живеат во само 10 градови во светот.

    Во 2020 година, Пекинг го надмина „Големото јаболко“, бидејќи доби 33 нови милијардери. Пекинг сега е на прво место, а „за влакно“ е пред Њујорк, бидејќи во него живеат точно 100 луѓе со богатство вредно милијарда долари или повеќе, додека во Њујорк има 99 такви.

    Исто така, дури 10 проценти од светските милијардери се наоѓаат во четири кинески метрополи. Покрај Пекинг, меѓу 10-те главни градови на милијардерите се наоѓаат и Шангај, Шенжен и Хангжу, а на списокот е и Хонг Конг, специјален административен регион на Кина, кој е на високо трето место со 80 милијардери.

    Сепак, и покрај тоа што Њујорк е на второ место, вкупното богатство на неговите милијардери е 560,5 милијарди долари, што е повеќе од „богатите“ на Пекинг (484,3 милијарди долари).

    Најбогатиот жител на кинеската престолнина, со нето богатство од 35,6 милијарди долари, е Жанг Џиминг, додека Мајкл Блумберг е најбогатиот жител на Њујорк, со богатство од 59 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично