ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка објави кога ќе ги исплати пензиите за август

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од 01.09.2023 (петок).

    Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 01.09.2023 (петок) пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Исплатата на пензиите на благајна во експозитурите на Банката ќе се одвива по рангови идентични како и исплатата минатиот месец:

    • 1 – ви септември  (петок) 2023 година, пензии со висина до 14.000 денари
    • 04 – ти септември (понеделник) 2023 година, пензии со висина над 14.001 денари

    Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично