ПОВЕЌЕ

    Непознато лице лажно се претставувал дека е вработен во УЈП, од фирми барал пари за да им намали долгови

    Време зa читање: < 1 минутa

    Изминативе денови непознато лице лажно се претставувало дека работи во Управата за јавни приход како одговорно лице за наплата на долгови и барало пари од даночни обврзници со цел да го намали долгот што го имале спрема Управата, информираат од УЈП.

    Од Управата соопштуваат дека оваа информација ја добиле денеска, и оти согласно член 391 од Кривичниот законик веднаш ја пријавиле случката во Министерството за внатрешни работи во ОВР Кавадарци.

    -УЈП известува дека задолженијата што даночните обврзници ги имаат (согласно даночните решенија и пријави) и уплатите, преку носителите на платен промет и трезорскиот систем се книжат автоматски. Само со плаќање на даночниот долг преку носителите на платен промет и трезорскиот систем може да престане обврската на даночниот должник, се вели во соопштението од УЈП, апелирајќи граѓ ните да бидат вниматели и да не потпаѓаат под вакви дејствија на поединци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично