ПОВЕЌЕ

    Можен крај на трговската војна помеѓу Кина и САД?

    Време зa читање: 2 минути

    Кина ќе ги преполови тарифите за увоз на 1.717 американски увозни производи вредни околу 75 милијарди долари.

    Кинеското министерството за финансии соопшти дека од 14 февруари тарифите за надомест за некои американски производи ќе бидат намалени од 10 проценти на 5,0 проценти, а други производи од 5,0 проценти на 2,5 проценти, пренесува CNBC.

    Намалувањето се однесува на увезената стока од САД вредна околу 75 милијарди долари, на која од 1 септември 2019 година се воведени зголемени тарифи.

    По намалувањето, царината на американската нафта ќе изнесува 2,5 проценти, наместо сегашните 5,0 проценти, а тарифите на сојата ќе бидат намалени за 2,5 проценти.

    Во информацијата објавена на веб-страницата на Министерството за финансии велат дека овој потег има за цел „промовирање на здрав и стабилен развој на кинеско-американската трговија“. Во посебно соопштение, поставено на интернет страницата на Министерството, се вели дека намалувањата на тарифите во поглед на времето се во согласност со одлуката на САД донесени во јануари оваа година од 14 февруари да се преполоват тарифите за кинеската стока во вредност од 120 милијарди долари, од 15 на 7,5 проценти.

    Пекинг порача дека следното приспособување на тарифите ќе зависи од тоа како ќе се развиваат кинеско-американските трговски односи и дека се надева дека ќе ги елиминираат сите зголемувања на тарифите со Вашингтон.

    Кина и Соединетите Држави воведоа казнени тарифи за взаемниот увоз на стоки во вредност од милијарди долари во меѓусебната трговска војна, која започна пред повеќе од една година. Двете држави во јануари ја потпишаа таканаречената прва фаза од трговскиот договор, со што се избегна понатамошно ескалирање на трговскиот конфликт. Берзата се зајакна по вестите за намалување на тарифите.

    Берзата во Кина забележаа раст од над 2,0 проценти, а за толку зајакна и Хонгконшката берза. Акциите во Јапонија скокнаа скоро 3,0 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично