ПОВЕЌЕ

    Народната банка предлага мерки за олеснување на отплатата на кредитите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка подготвува мерки со кои на фирмите погодени од кризата предизвикана од корона вирусот, ќе им се олесни отплатата на кредитите.

    Предложена е одлука за промена на методологијата за управување со кредитен ризик кон таргетирани стопански сектори, преку која е можно тоа олеснување.

    Како што соопшти на вчерашната прес конференција во Владата гувернерката на Наодната банка Анита Ангеловска Бежоска, целта на методологијата е да се олеснат условите за реаструктурирање на кредите.

    -Самото реструктуирање значи промена на договорните услови за кредитрање, што може да значи намалуање на каматна стапка, одобрување на грејс период, одложување на рокот на отплата на кдитите и слично, појасни гувернерката.

    Сепак, како што рече, оваа мерка прво ќе се разгледа со банките и во Владата, но изрази  очекување дека набргу ќе се предложи на Советот на Народната банка.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично