ПОВЕЌЕ

    Минимална плата од државата за 250 000 вработени!

    Време зa читање: 2 минути

    Секој вработен кој работел во фирма погодена од вирусот Ковид 19 ќе добијат по 14 500 денари за месеците април и мај. На тој начин државата ќе ги спасува работните места на граѓаните, вели премиерот Оливер Спасовски. За сетот на мерки Владата донесе Уредба со законска сила.

    „Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за сите мерки. Ќе бидат опфатени околу 250 илјади работни места, и околу 35 илјади компании. Сумата која што ќе ја добие секој работник за двата месеца април и мај изнесува 29 илјади денари“, рече премиерот Оливер Спасовски.

    Работодавачите за државната помош ќе треба да аплицираат во Управата за јавни приходи. Барањето се поднесува електронски преку системот  Е –даноци, до петти во месецот. Работодавачите парите од државната каса треба да ги добијат до 13ти во месецот, уверува премиерот Спасовски.

    Доколку вработените се пријавени на фул работно време ќе добијат 14 500 денари, но оние работници кои во договорот им стои дека работат четири часа дневно за нив ќе има по половина од сумата односно 7250 денари. Доколку се утврди дека работодавачот ги исполнил условите за добивање државна помош ќе треба да ги врати сите добиени пари плус камата.

    „Работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите намален на бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник“, додава Спасовски.

    Како втора мерка Владата реши да покрива 50 отсто од придонесите на платите на работниците во приватниот сектор. Но сумата не смее да е повисока од износот  што се исплаќа за просечната бруто-плата по работник. Економска мерка од владата има и за граѓаните кои што вршат самостојна дејност, како занаетчиите и слични самостојни дејности. И тука субвенционирањето изнесува 14 500 денари по физичко лице за април и мај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично