ПОВЕЌЕ

    Македонска берза се вклучи во одбележување на Глобалната недела на парите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Преку едукативна посета и тематско предавање за функционирањето на Берзанскиот Електронски Систем за Тргување (БЕСТ) пред учениците од СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид, Македонска берза се вклучи во одбележување на Глобалната недела на парите.

    Финансиските регулатори во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, единаесетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите што се одржува од 20 до 26 март 2023 година.

    Годинешнава тема „Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина!“ (Plan your money, plant your future) се фокусира на одржливоста и подигнувањето на свеста од импликациите на индивидуалното финансиско однесување, не само врз финансиската иднина, туку и врз животната средина и општеството.
    Повеќе информации за Глобалната недела на парите на следниот линк: https://globalmoneyweek.org/

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично