ПОВЕЌЕ

    Компаниите кои ќе отпушат вработен нема помош!

    Време зa читање: 2 минути

    Секој еден којшто отпуштил работници  веднаш кога започнала кризата,  тој не може да искористи дел од мерките, соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски на Канал 5 за мерките и помошта на Владата за април и мај.

    Во првиот сет на мерки во којшто има можност тие да бидат ликвидни со тоа што би земале  кредит од Меѓународната банка за поддршка  на развојот со нула проценти камата  е за да можат компаниите овој период да го пребродат. Имаме следна мерка која ќе се утврди, а тоа е помош на компаниите со обезбедување на  минимална плата на работниците. И тоа е таа предвидливост која што  ќе им ја дадеме во наредните два месеци во април и во мај  да се помогне на стопанството. Ќе се утврдат точни критериуми кои се тие фирми компании коишто ќе можат да ја искористат оваа поволност, појаси Спасовски.

    Премиерот најави помош и за медиумските работници кои, според него,  се наоѓаат на прва борбена линија и помагаат во справувањето со оваа криза.

    На нас ни е многу важно медиумите да функционираат во овој момент. Да функционираме сите заедно да помогнеме во делот на кризата. Секако дека ќе имаме мерки и во делот на медиумите. Јас знам дека веќе има одредена финансиска помош од АВМУ. Се што е помош од државата е помош од државата. Така да тоа е еден дел од помошта , нема медиумите да бидат изоставени од оваа помош заради тоа што сметам дека и тука треба да се помогне да може тие да функционираат, рече Спасовски.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично