ПОВЕЌЕ

    Кои прашања ги поставува Џеф Безос секогаш кога вработува нови работници?

    Време зa читање: 2 минути

    При вработување во мултинационалната компанија Amazon, потенцијалниот вработен мора да има специфични карактеристики. Една од нив е можноста да ги учите своите работодавци.

    Начинот на кој работниците се вработуваат во Amazon отсекогаш бил во фокус на размислувањето, за Џеф Безос извршниот директор на Amazon.

    „Се обидував да утврдам начин на кој ќе ги вработувам работниците. Ако некогаш имате среќа да вработувате луѓе, бидете сигурни да не ги вработите само оние кои вие можете да ги научите, туку трудете се да ги вработувате оние од кои вие можете нешто да научите“, изјави Безос.

    Тој ја истакна важноста да правите добри лидери.

    „Не можеш да бидеш во право цело време, но можеш да се потрудиш да бидеш почесто во право“.

    Особините на вработените во Amazon мора да одговараат на 14-те принципи на раководството на компанијата, вклучително и „апсолутно си во право“. Покрај тоа, тие мора да бидат и по малку радикални и бунтовници.

    Трите водечки прашањa кои Безос ги споменува во своите 1998 писма до акционерите, вработените и клиентите на Amazon се:

    1. Дали ќе се восхитувате на оваа личност?
    2. Дали таа личност ќе го подигне нивото на ефикасност на групата во која влегува?
    3. Во која димензија таа личност би можела да биде суперѕвезда?

    Најважниот елемент за успех во Amazon е стабилен принцип на вработување.

    Izvor: BIZLife

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично