
„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни”, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.
Пратеникот Здравковски посочи дека преку конкретни мерки се штити стандардот на граѓаните. Тој додаде дека и поддршката во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно, како и во делот на земјоделието, како што кажа, ограничени се маржите за вештачкото ѓубриво, мерка која придонесува за стабилизација на цените во земјоделството.
„Со мерките коишто беа директно за нафтата, со акцизите и со ДДВ-то, немаме енормен скок, затоа што најголемиот инпут во одредувањето на цената се енергенсите. Дополнително, сметам дека поддршката и во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно. Имаме конкретни мерки, за оваа година се предвидени нови 25 милиони. Во делот на земјоделието ги ограничивме маржите за вештачкото ѓубриво. Имаме директни и индиректни мерки кои ќе дадат и во иднина резултат”, кажа пратеникот Здравковски.
Аналитика








