ПОВЕЌЕ

    ЕСМ: Блок 1 на РЕК „Битола“ ќе биде исклучен во следните два дена

    Време зa читање: 2 минути

    Прекинот на работа на блокот, како што посочуваат оттаму, е поради зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката, а во меѓувреме, Блок 2 продолжува со работа

    АД ЕСМ информира дека Блок 1 на РЕК „Битола“ од денеска напладне и наредните два дена ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на земјава. Прекинот на работа на блокот, како што посочуваат оттаму, е поради зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката.

    Во меѓувреме, Блок 2 на РЕК „Битола“ продолжува со работа.

    Со оглед на енергетската криза во државата и Европа, од ЕСМ посочуваат дека РЕК „Битола“ нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи можностите за техничко-технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите.

    „АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови“, се наведува во соопштението.

    Министерот за економија Крешник Бектеши претходно летово најави дека оваа година ќе се стави во функција и третиот блок на РЕК „Битола“ откако претходната зима ја поминавме со работа на двата блока и периодично работење на блокот во ТЕЦ „Осломеј“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично