ПОВЕЌЕ

    Генерали Инвестментс: Американските потрошувачи сè уште се во добра форма

    Време зa читање: 4 минути

    Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите

    Ракетата што падна врз Полска накратко ги наруши релативно мирните случувања на берзите во изминатата недела

    Со оглед на возбудливите настани со диви движења на берзите, кои преовладуваа оваа година на финансиските пазари, изминатата недела помина прилично мирно. Главните берзански индекси се задржаа околу нивоата од претходната недела. Веста за пониска инфлација продолжи позитивно да се одразува на пазарите и минатата недела. Извесна драма предизвика веста дека две лица загинале откако ракета паднала врз полско село во близина на границата со Украина. Стравувањата од ескалација на војната предизвикаа скок на цените на енергијата и пад на цените на акциите ширум светот, а потезите беа брзо сменети откако НАТО и Полска посочија дека многу веројатно станува збор за ракета од украинскиот систем за противвоздушна одбрана.

    Пред екот на сезоната на шопинг, американските трговци на мало презентираа солидни квартални резултати

    Во САД, резултатите од третиот квартал ги презентираа трговците на мало, кои секогаш се добар показател за состојбата на потрошувачите. Бројките беа солидни во целина. Повисоките цени и намалената куповна моќ во САД не предизвикаа значително намалување на потрошувачката, но се забележуваат промени во навиките на купувачите, кои ги ограничија дискреционите или несуштинските набавки. Поради ова, идните резултати ќе бидат интересни за гледање. Оваа недела започнува шпицот на сезоната на шопинг, т.е. Црн петок и Cајбер понеделник. Аналитичарите предвидуваат речиси 5% раст на продажбата на годишно ниво за празничната сезона и покрај инфлацијата, повисоките каматни стапки и најавените отпуштања.

    Индексите на цените на производите го потврдуваат намалувањето на инфлаторните притисоци

    Октомвриските податоци за индексите на цените на производителите и од САД и од Европа потврдуваат дека инфлациските притисоци полека се намалуваат. Посебно радува податокот од Германија каде што индексот PPI ​​(производствени цени) падна за 4,2% на месечно ниво. И покрај тоа, трошоците за производство, мерени со PPI, се за 34,5% повисоки на годишно ниво, така што трансферот на повисоките трошоци врз готовите производи сè уште не е завршен.

    Податоци за економската активност во третиот квартал беа објавени и минатата недела. БДП на еврозоната порасна за 0,7% на годишна основа. Растот беше позитивен во повеќето земји-членки со исклучок на три, а позитивно изненадување беа податоците од Германија и Италија.

    Позитивни впечатоци по средбата меѓу Бајден и Кси Џинпинг

    Минатиот понеделник, пред самитот G-20 на индонезискиот остров Бали, кинескиот претседател Kси Џинпинг и Американецот Бајден првпат се сретнаа лично како претседатели. По 3 ипол часовната средба преовладуваше позитивен впечаток дека двете земји работат на подобрување на односите кои неодамна го достигнаа најниското ниво во последните децении. Двајцата претседатели се обврзаа на почеста комуникација, а се чини дека средбата на Бали може да претставува позитивен пресврт во односите меѓу водечките економски велесили. По средбата, оптимистички реагираа и инвеститорите во кинески компании, но берзанските индекси на пазарите во развој и оваа година заостануваат зад развиените пазари.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ

    Овој пат советите за инвеститорите поактивно се прилагодуваат на промените во економското опкружување. Настрана од инфлацијата, макроекономските податоци не се значително подобрени, но остриот скок на берзите во изминатата недела покажува колку слободни пари го чекаат таканареченото „дно“ на берзите. Централните банки остануваат главен играч на пазарите на капитал. Реакцијата на инвеститорите покажува дека добрата вест ја вброивме во нови нивоа за само еден ден. По ваквото закрепнување, тешко е да се каже дека акциите се значително евтини со оглед на сите предизвици и промени, но нудат можности бидејќи иднината или очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа иднината може многу брзо да се променат. Инвеститорите кои беа премногу конзервативни или фокусирани само на сигурни инвестиции го пропуштија силното враќање. Се разбира, долгорочните инвеститори не пропуштаат ништо – оние кои опстојуваат со програмирани уплати докажаа дека таквиот пристап е најдобар. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали БРИК или Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд – Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување. Отскокнувањето само покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето на оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Отскокнувањето не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Како што веќе спомнавме, новите информации во наредните недели и месеци ќе насликаат нова иднина за инвеститорите, која може да биде уште подобра, но може и привремено да биде полоша. Пазарите ќе реагираат соодветно. Наше е да го претвориме сето тоа во наша корист.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично