ПОВЕЌЕ

    Во Германија се случи првата „кибер катастрофа“ во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Локалните власти во германската област Анхалт-Битерфелд, една од 11-те во североисточната држава Саксонија-Анхалт, соопштија дека се наоѓаат во вонредна состојба откако хакери ги парализирале нивните компјутерски системи.

    Ова е прва „кибер-катастрофа“ во светот, потврди германскиот федерален надзорен орган за кибер безбедност.

    – Речиси целосно сме парализирани, изјави портпаролот на Анхалт-Битерфелд.

    Локалните власти се крајно загрижени дали ќе можат да ги продолжат своите електронски услуги следната недела и одбија да го коментираат идентитетот на хакерот или дали е побаран откуп, велејќи дека истрагата е во тек.

    Меѓу првите објаснувања за нападот беше тврдењето дека во Анхалт-Битерфелд се користеле застарени и слабо одржувани софтверски системи, многу ранливи на хакерски напади.

    Анхалт-Битерфелд има 157.000 жители.

    Откако „хакирањето“ беше прогласено за кибер-катастрофа, локалните власти очекуваат да добијат помош од германските федерални власти.

    Германската агенција за кибер безбедност БСИ соопшти дека веднаш испратила кризен тим во Анхалт-Битерфелд. Во меѓувреме, локални медиуми јавија дека и други области во Германија биле мета на кибер напади, но за првпат е прогласена кибер-катастрофа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично