ПОВЕЌЕ

    Владата го донесе вториот сет економски мерки за олеснување на последиците од Covid-19 кризата

    Време зa читање: 7 минути

    Владата го донесе вториот сет економски мерки за олеснување на последиците од Covid-19 кризата. Целта е да се даде поддршка на стопанството, да се задржат работните места,  социјалната стабилност и да им се помогне на граѓаните погодени од коронакризата.

    Поддршка за работодавачите за заштита на работните места – 14.500 ден по вработен за исплата на плата за април и мај.

    Услови за користење на мерката:

    • да не исплаќаат дивиденди, бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност
    • да имаат најмалку 30% намалување на приходите споредено со просекот од минатата година / сезонскиот просек,
    • за месецот за кој се бара поддршка, просекот на делот на највисоките нето плати на 10% од бројот на вработените да не надминува 120.000 денари месечно по вработен

    За да се аплицира, треба:

    1. Да се пополни Барање – кое УЈП наскоро ќе го објави, заедно со изјава дека се исполнуваат условите
    2. Да се поднесе преку системот е-даноци на УЈП до 5-ти во месецот, за претходниот месец
    3. Во рок од 3 дена УЈП го потврдува барањето

    Важно:

    • Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари.
    • Работодавачите кои ќе ја користат оваа мерка морат бројот на вработени во моментот на аплицирање да го задржат до септември 2020 година.
    • Добиената финансиска подршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимититирано до износ од 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

    Поддршка за спортистите – 14.500 ден. за април и мај

    За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

    Поддршка за уметниците – 14.500 ден. за април и мај

    За самостојните уметници ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

    Паричен надоместок за граѓаните што останале без работа (50% од просечната плата на работникот)

    За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата, а најмногу до 80% од просечна плата во земјава на работникот за последните 24 месеци односно согласно член 68 од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

    Солидарност и заштеда: сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата во април и мај

    Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата (сметано од декември 2019) од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.

    Укинат надоместок за членови на Управни и надзорни одбори и комисии додека трае кризата

    Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земат никаков надоместок додека трае кризата. Одлуката ќе важи додека Владата не донесе одлука за престанок на истата.

    Грижа за лицата во неформалната економија – 7.000 денари по домаќинство за лицата без работен ангажман

    За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство.

    Одложување на кредитите кај банките за 3 до 6 месеци

    Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање на отплатите, реппрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и сл, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци. Секоја банка ќе ја донесе одлуката на своите надзорни одбори и ќе ги извести своите клиенти, а дел од банките веќе донесоа одлуки за одлагање од 6 месеци.

    Намалување на ратите и трошоците на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компании

    • Кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70% од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевање.
    • Кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности  согласно потребите на компаниите.
    • Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период.
    • Со намалување на законската затезна камата СВТ кој до сега изнесуваше 51%, сега се намалува на 31%, додека останатите трошоци кои друштвата  ги наплаќаат се ограничуваат на 20% од одобрениот кредит
    • За оние кои ќе бидат во можност и ќе продолжат да ги плаќаат во целост ратите, ќе им бидат понудени поповолни услови

    8 милиони евра – Нова линија бескаматни кредити во висина до 90.000 еур според бројот на вработени

    Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.

    Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари (90.000 еур), а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.500 денари (3.000 еур). Компанијата може да добие кредит во висина од:

    Пример: Доколку компанијата има 10 вработени: 14.500 ден x 10 x 3 месеци = бескаматен кредит од 435.000 ден.

    • Рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период од 12 месеци со намена за обртни средства. Kвартални отплати.
    • 0% камата и без трошоци за администрирање.

    50 милиони евра евтини кредити за компаниите од Развојната банка, а пласирани преку комерцијалните банки

    Развојната банка преку деловните банки ќе понуди евтини кредити за претпријатијата. Министерството за финансии ќе ја субвенционира каматната стапка, за да Развојната банка ги понуди кредитите со 0% камата на деловните банки – за да на крајните корисници им се понудат поволни кредити со камата од околу 1,5%.

    Формирање на СОЛИДАРЕН Covid-19 ФОНД

    Ќе се отвори посебна наменска сметка во Владата за примање на донации од правни и физички лица кои ќе имаат можност и волја да донираат средства кои ќе се користат за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

    Забрана за отварање на стечајна постапка

    Се запира законот за извршување

    Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со превземање на било какви извршни дејствија.

    Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаеви кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители.

    Ослободување од кирија за корисниците на социјални станови

    Од плаќање закуп на социјалните станови ќе се ослободат сите корисници на тие станови, а исто така ќе се ослободат од плаќање закуп и граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од Претпријатието за станбен и деловен простор.

    Задолжително користење на првиот дел од годишен одмор 2020 во јавниот сектор

    Задолжително користење на прв дел од 2020 година, односно задолжително доискористување на годишниот одмор од 2019 година заклучно 31.05.2020

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично