ПОВЕЌЕ

    Бугарија пушта во оптек нова банкнота од 20 лева

    Време зa читање: 2 минути

    Бугарската Народна банка ја пушта во оптек третата банкнота од новата серија која е со номинална вредност од 20 лева, емисија 2020 година.

    Новата банкнота ќе започне да се користи како законско платежно средство од 20ти март, кога и официјално ќе биде пуштена во употреба.

     

    Општиот дизајн на банкнотата не отскокнува од другите банкноти, а новината е во заштитните елементи и тоа дополнителен знак за слепи граѓани , холограмска лента со оптички ефекти, осигурителна нишка и воден знак со висока резолуција.

    Дополнителен знак за слепи граѓани – се состои од три дебели и седум тенки линии, сместени под агол од двете кратки страни на банкнотата.

    Банкнотите со номинална вредност од 20 лева од 1999, 2007, 2005 година ќе останат во оптек заедно со новата од оваа година.

     

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично