ПОВЕЌЕ

    Благодарница до Комерцијална банка за 11 години празнична радост за децата од улица

    Време зa читање: < 1 минутa

    11 години Комерцијална банка АД Скопје споделува празнична радост со децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје. 11 години Банката донира, другарува и помага за ресоцијализација и подобар квалитет на нивниот живот.

    Во знак на благодарност и задоволство, Здружението за заштита на правата на детето додели благодарница на Комерцијална банка АД Скопје за долгогодишна помош и другарување со децата.

    Потенцирајќи ја повторно својата општествена одговорна мисија и стратегија, Комерцијална банка потврдува дека е долгорочен партнер на заедницата во која дејствува и со која заедно го гради брендот на Банката веќе 65 години.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично