По повод Светскиот ден на штедење кој денес беше одбележан од страна на Македонската Банкарска Асоцијација и Фондот за осигурување на депозити, беа прогласени најдобрите банкарски службеници за 2019-та година.
Традиционално, на настанот им беа доделени плакети на најдобрите службеници за 2019-та година. Годинава признанија добија 37 службеници од сите банки.
ТТК Банка АД Скопје го награди квалитетот, ентузијазмот, професионалноста и успешното деловно работење на Флорин Шакири – Соработник во Оддел за управување со лоши пласмани и превземени средства.