ПОВЕЌЕ

    Фејсбук и Инстаграм лансираат нова опција – Сокриј ги лајковите“

    Време зa читање: 2 минути

    Aпликација „Инстаграм“ за споделување фотографии која е во сопственост на „Фејсбук“, лансира опција што ќе им овозможи на корисниците да го сокријат бројот на лајкови на своите објави, новитет што наскоро ќе биде достапен и на „Фејсбук“, пишува Слободен печат.

    Корисниците на „Инстаграм“ ќе можат да го сокријат бројот на лајкови на сите објави на нивниот ѕид како и на сопствените објави. Двете опции ќе бидат достапни „во следните неколку недели“, објавија од „Инстаграм“ во средата.

    Шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери, рече дека целта е да им се даде на луѓето контрола над нивните искуства со самата апликација.

    Мосери истакна дека тестирањето на новата опција за сокривање на лајкови не покажува многу промени во однос на влијанието врз психолошката состојба на корисниците, но додаде дека корисниците имале поделени мислења во врска со истата.

    Лајковите, кои имаат форма на срце на „Инстаграм“ и лајк во вид на палец на „Фејсбук“, може да се користат за мерење на популарноста на објавите од корисниците и оние кои професионално генерираат содржини во рамки на овие апликации.

    „Инстаграм“ неодамна спроведе тест период давајќи им можност на мал број корисници да изберат помеѓу покажување на бројот на лајкови и сокривање на истите. Компанијата соопшти дека некои од корисниците вклучени во тестирањата истакнале дека тоа е корисно, додека на други не им се допаднала идејата.

    Мосери рече дека не очекува да види значителна промена во корисничкото искуство по додавање на новата опција. Тој вели дека креаторите на содржини на социјалните мрежи кои имаат одреден број следбеници се со поделени импресии и дека се загрижени само помалку етаблираните креатори на содржини.

    „Инстаграм“ се соочи со непријатна ситуација поради своите планови да направи верзија на апликацијата за деца под 13 години, а правобранителите од 44 американски држави го повикаа „Фејсбук“ да се откаже од планот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично