Охридска банка АД Скопје се стекна со сертификат за PCI DSS стандардот (Payment Card Industry Data Security Standard) и ја потврди усогласеноста во работењето по највисоките меѓународни сигурносни стандарди во платежната индустрија.
Овој стандард го дефинира начинот на чување, пренесување и процесирање на податоци за картичките, трансакциите и корисниците на платежните картички, и Охридска банка афирмира дека ги поседува потребните технологии и ускладени процеси за заштита на сите сегменти каде се афектирани овие податоци.
Охридска банка останува посветена на обезбедување на сервис за своите клиенти кој нуди заштита во согласност со врвните светски стандарди.
Како одговорна финансиска институција, Охридска банка и во иднина ќе работи според највисоките стандарди во финансиската индустрија и ќе овозможува квалитетни и безбедни услуги за своите клиенти.