ПОВЕЌЕ

    „Опасностите од онлајн тргувањето – што мора да знаете пред да ги вложите парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    „Буквално замка, каде што имате еуфорија, гледате дека во секунда купувате акции, дека сте битни, дека ви се случува нешто, па некогаш ќе се погоди да сте купиле, па отишла цената 15% горе, но последниот ден паѓа 20%. Тие се замки и најчесто имаат израз меместокс, тие што се најпопуларни акции, каде што се приказни некогаш, немаат реална основа, а сакаат нашиве играчи многу брзи пари, пошто слушаат приказни дека некој заработил милиони, а тоа што заработува ќути, тие што заработуваат, кај нас молчат да бидеме реални.

     

    Во таа трка за лесни пари купуваат акции што немаат минато, немаат реални проекции, имаат само приказни. Затоа коа веќе се тргува сам, треба да се тргува од оние акции што се светски признаени, светски познати акции од светските индекси, не знам, Dow Jones, слично кој што пак имаат некоја реална основа.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично