ПОВЕЌЕ

    Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, СДС е во идентитетска криза и паника од прашањето за предвремени избори

    Време зa читање: 2 минути

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостувања во „Ноќно студио” на 4ТВ дискутираше и за можноста од евентуални предвремени избори при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за истите кога и да се случат согласно анкетите кои укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, додека пак државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на коишто е посветена Владата.

    „Мислам дека имаме како Влада навистина стабилно мнозинство и една стабилна коалиција, посветени сме на реализација на владина програма, на она што значи наше ветување пред граѓаните. Ако го гледаме нашиот теснополитички интерес како ВМРО-ДПМНЕ мислам дека можеби би одлучиле и веќе утре да имаме избори согласно состојбите и анкетите коишто покажуваат несомнена доверба којашто ја имаме” рече Митева и додаде:

    „Но ако гледаме пошироко и ако го гледаме државниот интерес, не ценам дека треба државата да ја воведеме во еден нов изборен циклус којшто навистина ќе изискува и време и финансиски средства. Ова е година во којашто навистина ќе имаме сериозни инвестиции, една реформска година и сметам дека бевме јасни дека треба да имаме редовни избори. Сепак без разлика кога и да се случат ние сме подготвени за истото”.

    Митева се осврна и на очигледната неподготвеност и паника која владее кај опозициската СДС во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори, согласно идентитетската криза во СДС и однесувањето што тие го презентираат во јавноста.

    „Жалам што не можам да го видам тоа од страна на опозициската СДС. Јас не гледам дека се подготвени, ниту кадровски екипирани, ниту пак имаат визија, програма нешто што ќе понудат. Таму ценам дека има една идентитетска криза во СДС и повеќе од очигледно е дека има сериозна паника во однос на делот дали би имало или би немало предвремени избори. Гледате ниту поддржаа укинување на техничка влада, за којашто велеа дека истата би требало да се укине. Излегуваат од работни групи за закони коишто се дел од реформска агенда, додека од друга страна држат прес конференции каде што велат дека тие се за Европска Унија и тие се за европска Македонија”, заврши Митева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично