ПОВЕЌЕ

    Македонската берза ја стави АЛТА банка на Листата за набљудување по воведувањето администрација

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската берза ја внесе АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, откако Народната банка донесе решение за воведување администрација во Банката.

    Одлуката ја донел Одборот на директори на Македонската берза, согласно член 61-а од Правилата за котација, со цел да се предупреди инвеститорската јавност на новонастанатите околности поврзани со работењето на Банката.

    „Внесувањето на друштвото АЛТА банка АД Битола на ‘Листата за набљудување’ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, се наведува во соопштението на Берзата.

    Внесувањето на Листата за набљудување не значи автоматско запирање на тргувањето со акциите на Банката. Станува збор за механизам преку кој Берзата ги информира инвеститорите за специфични околности што треба да ги имаат предвид при донесувањето инвестициски одлуки.

    Одлуката на Македонската берза следува по воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола од страна на Народната банка, што претставува нов развој на случувањата поврзани со Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично