Компанијата што печати пари за 140 држави пред банкрот!?

Датум на објава: 27.11.2019

Англиската компанија “De La Rue”, соопшти дека е на работ на колапс, а се работи за компанија која печати пари за вкупно 140 држави.

Раководството на компанијата објави дека е активиран план за деловна санација, но истиот не ги дава очекуваните резултати, пренесува N1.

Во соопштението се вели дека на компанијата и се заканува банкрот. “De La Rue” е компанија која вработува 2.500 луѓе, печати пари за 140 централни банки низ целиот свет, вклучувајќи ја и британската централна банка.

Во претходните шест месеци, компанијата забележа загуба од 9,2 милиони фунти (11,84 милиони американски долари), при што компанијата го зголеми својот долг на 170,7 милиони фунти (220 милиони долари) во втората половина од оваа година.

Веднаш по објавата на соопштението, акциите на “De La Rue” дополнително изгубиле 20,6 проценти од својата вредност на берзата.

“De La Rue” започна да печати банкноти уште во далечната 1860 година кога работеше за Мавританија, а една третина од парите што моментно се во оптек низ целиот свет излегоа од печатницата на оваа компанија, која е пред банкрот.

Компанијата покрај банкноти, печати и пасоши за 40 држави.

Во De La Rue се надеваа дека ќе можат да постигнат стабилизирање на бизнисот со печатење нови британски пасоши откако земјата објави дека ја напушта Европската унија, но тендерот го доби конкурентската куќа “Gemalto”.

Кризата во компанијата ескалираше откако долгот од 18 милиони фунти (23,17 милиони американски долари) не го плати Венецуела.


Тагови: De La Rue,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: