ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со финансиска едукација на најмладите го одбележа Денот на штедењето

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка во текот на октомври организираше едукативни активности за деца од градинките и училиштата низ земјава, со цел да ги запознае со основните принципи на штедењето, парите и одговорното управување со нив. Активностите беа организирани по повод Денот на штедењето, а во нив учествуваше и препознатливата Верверичка на Банката.

    Во текот на месецот, деца од градинки и училишта ги посетија филијалите и експозитурите на Комерцијална банка, каде што имаа можност да се запознаат со основните финансиски поими и да поставуваат прашања.

    Истовремено, вработени од Банката посетија повеќе училишта, каде што одржаа едукативни предавања за значењето на парите, штедењето и правилното управување со личните финансии.

    Преку едноставен и забавен пристап, со помош на Верверичката, на децата им беше претставено дека штедењето не подразбира само чување пари, туку и развивање навики за планирање, правење избори и остварување на сопствените желби.

    Од Комерцијална банка истакнуваат дека финансиската едукација на најмладите е дел од нивната континуирана посветеност на создавањето добри финансиски навики уште од најрана возраст.

    Според Банката, знаењата стекнати во детството претставуваат основа за носење одговорни финансиски одлуки во подоцнежните години.

    Со овие активности Комерцијална банка и годинава го одбележа Денот на штедењето, ставајќи го акцентот на финансиската писменост и едукацијата на децата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично