ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка горд поддржувач на јубилејното 25. издание на Берзанската конференција

    Време зa читање: 2 минути

    Годишната конференција на Македонската берза одбележува 25-годишен јубилеј, а Комерцијална банка со гордост повторно застанува зад еден од најреномираните финансиски настани во земјата и во регионот.

    Традиционалната годишна берзанска конференција претставува платформа за поврзување на водечките експерти, носителите на политики, инвеститорите и претставниците на бизнис-заедницата.

    На годинашната конференција, во фокусот се темите поврзани со развојот на пазарите на капитал, финансирањето на растот на компаниите, алтернативните извори на финансирање, како и влијанието на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и новите финансиски технологии врз финансискиот сектор.

    Комерцијална банка како еден од најзначајните поддржувачи и двигатели на домашниот финансиски систем и на пазарот на капитал, континуирано придонесува за развој на современо, стабилно и конкурентно финансиско окружување. А, преку долгогодишната поддршка на вакви иницијативи, активно поттикнува и размена на знаења, идеи и искуства за теми од најголемо значење за економијата, финансискиот сектор и за бизнисот.

    Честитки до Македонска берза за 25 години посветеност на развојот на пазарот на капитал и на финансиската заедница.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично