Комерцијална банка ви посакува добредојде на новата веб страна www.kb.mk. Сите сме сведоци на динамични промени во нашето живеење и работење, кои ги менуваат потребите, желбите, навиките, обврските… Комерцијална банка ги препозна овие промени како нов предизвик и инвестираше во нов дигитален дом кој ќе ги направи нашето работење и нашите производи и услуги уште поблиски до клиентите.
Истовремено со новата веб страна, го претставуваме и нашиот нов визуелен идентитет и новиот слоган ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО. Овие новини ги објавуваме со големо задоволство бидејќи не се само нов изглед за Банката, туку претставуваат дел од новиот приод со кој уште повеќе се доближуваме до потребите на граѓаните и на компаниите и со тоа го олеснуваме секојдневното живеење со сите негови предизвици, велат од банката.
Комерцијална банка со целокупната своја понуда на производи и услуги, со модернизираните експозитури и филијали и со обемното искуство и знаење на вработените продолжува со својата длабока посветеност да одговори на сѐ што е важно за личните и корпоративните финансии на постоечките и новите клиенти. Забрзаната дигитализација одамна ја препознавме и токму поради тоа одржуваме врвен квалитет на нашата Интернет банка и на мобилните апликации мБанка и мБанкаКо, отворивме дигитални експозитури, поставивме напредни банкомати за исплата и уплата на готовина и воведовме низа производи и услуги за електронски финансиски трансакции, нагласуваат од банката.
Промените се неизбежни, а интензивната дигитализација е таа која најмногу ги менува потребите на граѓаните и на компаниите на патот кон успехот. Сепак, човечкиот контакт, поддршката од блиските и разбирањето остануваат незаменлив предуслов за остварување на целите и сништата, чии и да се, потенцираат од банката.