Европската централна банка со прогноза за раст од 1,1 процент за 2020 година.
Се очекува, сепак, стопанската активност да забрза и да достигне 1,4 отсто во 2022 година, изјави претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.
Инфлацијата во 2022 година ќе порасне на 1,6 отсто, после 1,1 отсто колку што и се очекува да биде во 2020 година, но и понатаму ќе биде под целта на ЕЦБ од речиси 2 отсто.
За 2021 година, ЕЦБ очекува инфлација од 1,4 отсто. Тоа е незначително помалку од последната прогноза објавена во септември, додека прогнозата за раст за 2021 година останува непроменета во однос на септемвриската и изнесува 1,4 отсто.
Кристин Лагард укажа на првите знаци на стабилизација во Еврозоната, користејќи формулација на изразување која содржи внимателен оптимизам, наведува Frans-Pres.
„Растот на пазарот на труд и растот на платите продолжуваат да ја поддржуваат отпорноста на економијата во Еврозоната“, рече Кристин Лагард, додавајќи дека резултатите, иако слаби, укажуваат на одредена стабилизирање.
Извор: Bankar.rs