Актуелно

Дојче Банк оствари профит минатата година за прв пат по 2014 година

Датум на објава: 07.11.2019

Deutsche Bank објави дека минатата година ја регистриралa првата нето добивка од 2014 година.

Добивката од 341 милиони евра за 2018 година е под консензусот на аналитичарите на пазарот, бидејќи економистите во анкетата на Reuters предвидуваа дека ќе изнесува 461 милиони евра.

Во четвртиот квартал минатата година, банката забележа загуба од 409 милиони евра.

“Нашето враќање на патеките на профит покажува дека Deutsche Bank е на вистинскиот пат. Сега нашиот приоритет е следниот чекор – во 2019 година не само да заштедиме на трошоци, туку и инвестициите да ги насочиме кон раст. Целта ни е значително да ја зголемиме профитабилноста во тековната година и понатаму“, изјави главниот извршен директор Кристијан Севинг.

Нето приходите изнесуваа 25 милијарди евра за цела година, а за последниот квартал 5,5 милијарди. Коефициентот на основниот капитал (Tier 1), кој укажува на јачината на банката, падна на 13,6 проценти во 2018 година, во однос на 14 проценти на крајот на претходната година.

Годишните нето приходи во Секторот за инвестициско банкарство паднаа за 8,0 проценти во однос на 2017 година, а пад од 14 проценти забележа и секторот за управување со средства.

Од Deutsche Bank соопштија дека организациониот дел кој се занимава со управување со средства се соочува со „тешки“ услови на пазарот, при што средствата со кој управува паднаа за 5,0 проценти во четвртиот квартал, пренесува Reuters.

Извор: Blic


Тагови: Deutsche Bank, нето добивка, профит,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: