Вредноста на биткоинот ја надмина границата од 10.000 долари

Датум на објава: 14.02.2020

Време зa читање: 2 минути

На 12.2.2020 година, во утринските часови, најпознатата криптовалута биткоин го достигна своето највисоко ниво за оваа година, а исто така и во последните пет месеци. Утрото, цената на биткоинот достигна 10.489,78 долари, што е највисоко ниво од септември, покажуваат податоците на „Coindesk“.


Од почетокот на оваа година, најпопуларната криптовалута ја зголеми својата вредност за високи 44 проценти.

Прочитајте и ...  „Гугл“ известува за пониски приходи, првпат пад на профитот во вториот квартал


Извор: CoinDesk BPI – 12.2.2020

Продолжува растечкиот тренд на вредностите на биткоините и во февруари, откако месец јануари беше најдобар за дигиталната валута во последните седум години.

Постојат неколку причини за неодамнешниот раст на биткоинот, тврдат аналитичарите.

Со преполовување на количината на биткоините коишто можат да се добијат со „рударење“, епидемијата на коронавирус предизвикува уште поголема побарувачка за „побезбедни средства“, а некои инвеститори како таков го сметаат и биткоинот.

Прочитајте и ...  Три години за опоравување на германскиот пазар на труд

Тагови: Bitcoin, Биткоин, крипто-валути,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: