ПОВЕЌЕ

    Успешно заврши и 21-вата Годишна конференција на Македонска берза

    Време зa читање: 5 минути

    На 23-ти септември во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје, после двегодишна пауза, се одржа 21-та Годишна конференција на Берзата. Оваа година на овој настан присуствуваа преку 200 претставници од финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите и останатите субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.

    Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори.
    Атрактивноста на темите не изостана ни на 21-вата Годишна конференција на Берзата, каде имаше два централни панела и повеќе говори и презентации. Покрај воведните обраќања, главниот акцент во програмата оваа година беше ставен на геополитиката, енергетиката, банките и новите проекти на Берзата.

    Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии, г-дин Фатмир Бесими, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, г-ѓа Нора Алити и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје г-дин Иван Штериев.

    Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк 

    Работниот дел на овогодинешната конференција започна со презентација Agnieszka Gajewska, Партнер во PwC, Глобален лидер за услуги во јавниот сектор,Лидер за Централна и Источна Европа (CEE Clients & Markets Leader) на тема “Како да се успее во изменетиот свет“, Промената како нова константа – како да се натпреварувате и да успеете на пазарите кои постојано се менуваат“

    Презентацијата од Agnieszka Gajewska е достапна на следниот линк

    Во овој слот имаше уште едно специјално обраќање на Армен Григоријан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Република Северна Македонија. Армен Григоријан  даде кратко претставување на денешните случувања поврзани со  руско-украинскиот конфликт, енергетската криза, снабдувањето со храна.

    На првата панел дискусија „Банките во новата реалност“ своето искуство на оваа тема го споделија Тони Стојановски, Член на Управен одбор и Генерален директор за корпоративно банкарство, Стопанска банка АД Скопје, Санел Кустурица, Претседател на Управeн одбор, Шпаркасе Банка АД Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје и Маја Стевкова Штериева, Претседател на Македонска банкарска асоцијација. Модератор на овој панел беше Наташа Стојановска од Bloomberg Adria. Панелистите дискутираа и ги споделија своите размислувања за најновите случувања во овој сектор – инфлацијата, каматните стапки, итн.

    Вториот панел беше посветен на енергетиката, со наслов „Ќе има ли долга и студена зима?“, на којшто своите разислувања на оваа тема со присутните ги споделија директорот на словенечката берза за струја Anže Predovnik, како и реномирани македонски говорници за оваа тема: Драган Мијалковски од Макстил АД Скопје, Ристо Јаневски од ОКТА АД Скопје. Модератор на овој панел беше Златко Черепналковски од ЕДС АД Скопје.

    Во рамките на презетациите на настанот обзебедено беше учеството на водечките консултанти од В. Британија, Chris Hodge и од Холандија,Wouter Scheepens како креатори на двата стратешки документи на Берзата, Кодексот за корпоративно управување и Водичот за ESG известување на котираните компании.

    Во продолжение презентациите од 21-та Годишна конференција на Берзата:

    Bartosz Margol, Партнер во PwC Полска, Лидер на пазарот на капитал во Централна и Источна Европа и Maja Vukadinovic, Менаџер во PwC Полска,  учествуваа во дискусијата со темата – IPO global watch – што е ново?.

    Златен спонзор на настанот беше PWC North Macedonia, додека останати спонзори беа Виталиа, ЕДС, Комерцијална банка, НЛБ Банка и Централниот депозитар за хартии од вредност. Медиумски покровители на настанот беа Bloomberg Adria, Капитал и порталот Пари, покровител на лотарија – ВЕГА фондови, додека останати поддржувачи – Винарија Бовин и Smidgin.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично