ПОВЕЌЕ

    Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

    Време зa читање: 2 минути

    Во пријатниот амбиент на Wine Berry, Diners Club International денес организираше ексклузивен медиумски бранч на кој официјално беше претставен новиот визуелен идентитет на компанијата. Настанот помина во релаксирана, неформална и пријатна атмосфера, каде менаџментот на компанијата и претставниците на медиумите имаа можност низ отворен разговор да разменат искуства, сугестии и идеи за идни креативни соработки.

    ​Новиот визуелен идентитет, најавен под глобалното мото „Unlock Interesting“, означува значајна еволуција во начинот на кој брендот комуницира со своите членови и јавноста. Во сржта на овој концепт е стремежот секојдневието да се направи поинтересно, а искуствата на корисниците да се издигнат на повисоко, пософистицирано ниво.

    ​Пред присутните се обрати Тони Јанковски, Директор на одделот за развој на производи и иновации, кој официјално им го презентираше новиот визуелен идентитет на компанијата. Новиот изглед директно го рефлектира начинот на кој се менува светот, стилот на живеење и секојдневните моменти на корисниците.

    ​Настанот во Wine Berry уште еднаш ја потврди посветеноста на Diners Club кон градењето силни, долгорочни и транспарентни односи со медиумската заедница, најавувајќи возбудливи проекти и иновации кои допрва следуваат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично